Вести

7 држави останаа без право на глас во Генералното собрание на ОН

Погодениот од криза Либан, рече дека „жали“ што е меѓу седумте држави кои го изгубија својот глас во Генералното собрание на ОН за неисполнување на долговите, јави АФП.

Министерството за надворешни работи на земјата забележува дека одлуката на ОН може да „наштети на интересите, престижот и угледот на Либан“. Министерството повика да се најде „брзо“ решение, истакнувајќи дека ситуацијата „може да се среди“.

Министерството за финансии подоцна објави дека Либан ќе го плати својот долг во понеделник.

Во петокот ОН објави дека седум држави – Либан, Јемен, Венецуела, Централна Африканска Република, Гамбија, Лесото и Тонга – не успеале да ги исполнат своите финансиски обврски кон организацијата и нема да можат да учествуваат на 74-тата седница на Генералното собрание.

Оние земји што заостануваат со нивните придонеси во последните две години може да го загубат своето право на глас во Генералното собрание. Исклучок е има за оние земји кои докажуваат дека не можат да плаќаат заради услови што не се под нивна контрола.

Поврзани вести

Сорос: Фејсбук и Трамп работат заедно

Никола Поповски

Маж излегол на бина и со нож ги бодел актерите на театарска претстава во Ријад (ВИДЕО)

ЕУ: Чесите и Романците најмалку сакаат привремени и повремени работи

Лондон не ги прифаќа резултатите од изборите во Белорусија

Влатко Зорба

Трамп за истрагата: Тоа е демократска измама која не води никаде

САД планираат да ја повлечат армијата од Германија