Вести

Американската политичка и воена елита го поддржа Бајден

Петстотини воени службеници и експерти за национална безбедност, вклучувајќи и некои кои работеа за американскиот претседател Доналд Трамп, му дадоа отворена поддршка на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Во писмото објавено денеска се вели дека сегашниот претседател покажал дека „не одговара на огромните одговорности на неговата канцеларија“.

Официјалните лица, исто така, пишуваат дека Бајден има „искуство и мудрост потребни за да ја води Америка низ еден болен период“.

„Ние сме поранешни јавни службеници кои својата кариера ја посветиле и во многу случаи ги ризикувале своите животи за Соединетите држави. Ние сме генерали, адмирали, амбасадори и шефови на цивилни агенции за национална безбедност“, се вели во писмото.

„Ние сме републиканци, демократи и независни. Ние ја сакаме нашата земја. За жал, се плашиме за неа“, се вели во писмото.

Меѓу потписниците на писмото е и еден од поранешните воени советници на Трамп, генералот во пензија Пол Селва, кој работеше за сегашниот претседател до јули 2019 година.

Писмото е објавено еден месец по контроверзниот напис во американскиот магазин „Атлантик“ во кој се тврди дека Трамп ги нарекол губитници Американците кои загинале во конфликтите.

Во средата, Синди Мекејн, вдовицата на поранешниот републикански сенатор и претседателски кандидат Џон Мекејн, исто така го наведе написот како причина за нејзината поддршка за Бајден.

Демократскиот кандидат Бајден пред изборите на 3 ноември го поддржаа многу републиканци, како Колин Пауел, поранешниот државен секретар во време на Џорџ В. Буш и поранешниот гувернер на Охајо, Џон Касиќ, но и поранешниот директор за комуникации на Трамп, Ентони Скарамучи.

Поврзани вести

Австрискиот претседател од Израел: Ние бевме жртви на нацистичкиот режим, но и сторители на злосторства

Никола Поповски

Илон Маск: Карантинот е фашистичка мерка

Александар Петровски

Состојба со Ковид-19 до 17 часот

Австралиски лекар прогнозира меѓу пет и десет милиони заразени од Ковид-19 во светот

Пелоси: Гласањето по пошта е неопходно за здравјето на граѓаните

Влатко Зорба

Берлин: Автомобил влетал во група граѓани на плоштад (видео)