Вести

Анкета: Индијците, Американците и Французите повеќе им веруваат на војниците отколку на научниците

Во повеќето од 20-те анкетирани земји, жителите имаат попозитивна перцепција за научниците отколку за војниците, но во осум земји, вклучително и Индија, САД и Франција, луѓето имаат повеќе доверба во војниците отколку во научниците, се вели во анкета на Институтот „Пју“.

Институтот анкетираше 32.000 луѓе ширум светот за нивниот став кон научниците, војниците, но и кон новинарите и владите, како и за тоа што мислат за вакцините и пестицидите.

Резултатите покажуваат дека војската и науката се меѓу најценетите институции, но во Индија 80 проценти имаат голема доверба во војската и многу помалку во науката. Во Соединетите држави 56 проценти имаат повеќе доверба во војската, додека 38 проценти повеќе во науката. Во Франција, околу 38% од испитаниците се повеќе за армијата, а 31% за науката.

Во шест европски земји, предводени од Шпанија, научниците уживаат поголема доверба од војската.

Што се однесува до медиумите и информациите, најголемата недоверба владее во Франција, каде што само пет проценти од граѓаните веруваат во медиумите.

Институтот „Пју“ изјави дека десничарските гласачи повеќе им веруваат на научниците отколку на поддржувачите на левицата.

Поврзани вести

Меркел се сретна со Путин во врска со кризата на Блискиот исток

Влатко Зорба

Се ќе се промени: Каков ќе биде светот после коронавирусот и како ќе живееме?

Австралискиот Парламент им оддаде почит на жртвите на пожарите

Помпео: Трамп е подготвен да употреби воена сила против Турција

Влатко Зорба

Сандерс негираше дека е загрижен за кампањата на Бајден

Влатко Зорба

Ким Јонг-ун се извини за убиството на јужнокорејски службеник

Влатко Зорба