Вести

Астероид ќе прелета покрај Земјата, ќе помине многу поблиску од Месечината

АСТЕРОИДОТ 2020 SW значително ќе се приближи до нашата планета утре (24.09.) и ќе помине покрај нас на далечина многу помала од таа меѓу Месечината и Земјата.

Но, нема потреба од паника. Експертите веруваат дека 2020 SW ќе помине на растојание од 27.000 километри и дека нема да ја погоди Земјата.

Со цел визуелно да се претстави растојанието, треба да се спомене дека Месечината е во просек оддалечена од нас 384.000 км, или околу 30 дијаметри на Земјата. Овој астероид ќе помине на растојание од околу 2,1 дијаметар од нашата планета.

Ова значи дека 2020 SW ќе лета поблиску од некои телевизиски и метеоролошки сателити кои орбитираат околу 35.888 км над нашите глави утре околу 13 часот.

Научниците сè уште не ја утврдиле точната големина на астероидот, но тој не е премногу огромен објект. Се претпоставува дека оваа вселенска карпа е со големина помеѓу 4,4 и 9,9 метри, пишува Live Science.

Иако 2020 SW станува посветол како што се приближува кон Земјата, сепак нема да биде видлив со голо око.

Овој астероид е откриен дури минатата недела, на 18 септември, и се чини дека блиската средба меѓу него и Земјата ќе го промени неговиот живот засекогаш. Имено, тоа е толку мал астероид што се очекува гравитацијата на Земјата да ја промени неговата орбита.

Откако утре ќе помине покрај нас со брзина од околу 27.200 км / ч, тој повеќе нема да не посети до 3 јуни 2029 година.

Поврзани вести

Средба Трамп – Мицотакис во САД

Никола Поповски

Италија ја надмина Кина по смртни случаи од коронавирусот

Александар Петровски

Шведскиот премиер: Не се подготвивме добро за пандемијата и не направивме доволно

Влатко Зорба

Оперативец на ЦИА: Имаше воен експлозив во магацин, а не ѓубриво

Влатко Зорба

Потенцијалниот лек за Ковид-19, ремдесивир ќе чини од 2.340 до 3.120 долари

Падна снег во Австралија

Влатко Зорба