Вести

Бејрут: 113 мртви и десетици исчезнати по експлозијата на пристаништето

Најмалку 113 лица загинаа во катастрофална експлозија на пристаништето во Бејрут, а десетици се водат како исчезнати – нов биланс на состојбата објавена денес од министерот за здравство, Хамад Хасан.

Огромната експлозија, што се случи во вторникот, повреди над 4.000 луѓе.

„Сигурно има повеќе (жртви) под урнатините и добиваме десетици извештаи за исчезнати“, рече министерот за новинарите.

Две големи експлозии го уништија поголемиот дел од пристаништето во Бејрут и оштетија многу згради во либанската престолнина, кршејќи ги прозорците и вратите.

Поврзани вести

Американски и британски војници загинаа во напад врз воена база во Ирак

Тихановскаја е подготвена за преговори со белоруските власти

Никола Поповски

Пентагон: Има повредени во иранскиот напад врз американската база

Никола Поповски

Тим од звучни имиња ќе го бранат Трамп на судењето за импичментот

Во Шпанија веќе втор бран коронавирус

Влатко Зорба

Две жени загинаа кога нивниот автомобил паднал од траект во Мајами