Вести

Бил Гејтс откри кога ќе заврши пандемијата на коронавирус

Ко-основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс проценува дека пандемијата на коронавирус за „богатиот свет“ ќе заврши до крајот на 2021 година, но дека на другите ќе им треба повеќе време за да се опорават.

„Иновациите во дијагностиката, терапиите и вакцините се импресивни. Затоа верувам дека во богатиот свет, можеме да ставиме крај на пандемијата до крајот на 2021 година, а за остатокот од светот до крајот на 2022 година“, рече Гејтс, пренесува американскиот сајт „CNET“.

Гејтс ги финансира медицинските истражувања и вакцинските програми преку неговата фондација „Бил и Мелинда Гејтс“.

Тој е свесен дека пандемијата ги врати сите земји во светот неколку години наназад кога станува збор за економски раст, борба против ХИВ и маларија.

Гејтс го критикуваше американскиот систем за тестирање на вирусот, како и начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација се справуваат со ситуацијата.

Отворено рече дека големиот број на случаи на коронавирус во САД е резултат на недоволно тестирање и следење на контакти, како и не носење заштитни маски.

Гејтс верува дека вакцината ќе биде развиена, но дека поради разни проблеми, вклучително и производството, ќе може да им помогне само на побогатите земји.

Поврзани вести

Над 1.000 луѓе тестирани во Северна Кореја, сите негативни

Влатко Зорба

Доживотен затвор за монструмот од Нов Зеланд: Уби 51 верник во две џамии

Никола Поповски

По убиството Сулејмани, десетици илјади луѓе излегоа на улиците на Техеран во знак на протест против САД

Безредија во САД: Пожари во близина на Белата куќа, уапсена ќерката на градоначалникот на Њујорк, повредени лица, отпуштени полицајци (видео)

Рекорден број новозаразени и починати од Ковид-19 за еден ден

Влатко Зорба

Руски епидемиолог: Кон крајот на април ќе престане ширењето на коронавирусот