Вести

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 40.000

Бројот на починати од коронавирус се искачи на повеќе од 40.000 во САД во неделата, што е највисоко во светот и скоро двојно повеќе од Италија, што е втора најпогодена земја, пренесува Ројтерс.

По првата пријавена смрт на 29 февруари, Соединетите држави достигнаа бројка од 10.000 мртви за 39 дена, на 6 април и уште 20.000 во следните пет дена. За четири дена, бројот на загинати се искачи од 30 на 40 илјади, откако се додадени смртни случаи кои не се тестирани и кои најверојатно настапиле од КОВИД-19, пријавени во Њујорк.

САД несомнено имаат најголем број случаи на заразени со коронавирус во светот, со повеќе од 744.000. Во саботата се појавија 29.000 нови случаи, што е најниско зголемување во последниве три дена.

Повеќе од 22 милиони Американци аплицираа за бенефиции за невработеност минатиот месец, додека затворањето на деловните активности и на училиштата, како и сериозните забрани за патувања ја погодија економијата.

Гувернерите на сојузните држави, најпогодени од коронавирусот, не се согласуваат со Доналд Трамп околу неговите изјави дека имаат доволно тестови и дека треба брзо да ги отворат своите економии, додека во тек се нови протести поради продолжување на карантинот.

Мериленд, Вирџинија и Вашингтон Д.Ц. сè уште се справуваат со зголемување на бројот на заразни случаи. Њу Џерси во неделата извести дека бројот на случаи се зголемил за скоро 3.900, што е најголем во последните две недели. Бостон и Чикаго се исто така нови фокуси на инфекција со неодамнешниот пораст на заразени и смртни случаи.

Неколку држави, вклучително и Охајо, Тексас и Флорида, соопштија дека имаат намера повторно да рестартираат делови од својата економија, можеби од 1 мај или дури и порано, но сè уште се во состојба на претпазливост.

Поврзани вести

САД имаат распоредено 150 нуклеарни ракети: Кои европски земји и бази се нивни складишта?

Велика Британија: Идејата за колективен имунитет не успеа

Баку и Ереван се договорија за ново примирје

Влатко Зорба

Тихановскаја: Белоруските специјалци да се прогласат за терористичка организација

Влатко Зорба

Бројот на заразени во Франција со денови драматично расте

Влатко Зорба

Гриво се повлече од градоначалничката трка во Париз поради секс-скандал

Никола Поповски