Вести

Бројот на смртни случаи во Италија во пораст: Во последните 24 часа починаа уште 575 лица

Во Италија бројот на смртни случаи од коронавирусот се зголеми за 575, на вкупно 22.745, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита на земјата.

Ова е мало зголемување од претходниот ден кога бројот на жртвите беше 525, јави Ројтерс.

Во исто време, бројот на новозаразени случаи се намали малку на 3.493 од претходниот ден кога беа 3.786.

Вкупниот број на заразени со вирусот во Италија е 172.434, што ја става земјата на третото место во светот, по САД и Шпанија.

Во интензивна нега има 2.812 лица, што е мало намалување од претходниот ден кога имало 2.936.

Од вкупниот број заразени излечени се 42.727, што претставува зголемување од вчерашните 40.168.

Денешниот број починати и новозаразени покажува дека Италија во изминатите 12 дена имала нешто постабилна состојба.

Поврзани вести

Австрија: Излечен е првиот пациент од коронавирус со помош на крвна плазма

Трамп: Срамота е одобрувањето на обвиненијата

Леброн збесна заради снимката од брутално убиство на Афроамериканец (Вознемирувачко видео)

Во Германија уапсен маж кој шетал со меч и пиштол

Влатко Зорба

СЗО: Континентот Африка може да биде нов фронт против пандемијата

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани нема Ковид-19

Влатко Зорба