Вести

Чавушоглу ќе ги извести УНЕСКО за Аја Софија

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави денеска дека Анкара ќе го информира УНЕСКО за чекорите преземени во врска со Аја Софија, откако ќе се врати статусот на музејот како џамија, пренесува Ројтерс.

Турскиот суд го поништи декретот од 1934 година во петокот што ја претвори истанбулската „Аја Софија“, која се наоѓа на листата за светско наследство на УНЕСКО, во музеј, отворајќи го патот зградата повторно да стане џамија, и покрај меѓународните предупредувања против овој потег.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша указ за тоа и најави дека првата молитва во Аја Софија ќе се одржи на 24 јули.

УНЕСКО во петокот објави дека ќе го разгледа статусот на тој споменик на културата на списокот на светско наследство.

Аја Софија била православна црква девет века пред да биде претворена во џамија по освојувањето на Отоманската империја.

Поврзани вести

Фаучи предупреди дека пандемијата на коронавирусот се уште не е завршена

Климатските промени ќе го обојат Антарктикот

Најсмртоносен ден за Њујорк: Само вчера 731 починати

Оваа медитеранска земја ги повикува туристите и им ветува: Ако се заразите со коронавирус, ние ви го плаќаме летувањето и лечењето

Забрана за жалби и поплаки во Полска

Никола Поповски

Илјадници луѓе на улиците на Лондон, демонстрантите на колена му оддадоа почит на Флојд (ВИДЕО)

Влатко Зорба