Вести

„Доколку Трамп победи, САД може да се повлечат од НАТО“

Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, смета дека е „реален ризик“ САД да се повлечат од НАТО, доколку неговиот поранешен шеф освои втор мандат, пренесува Политико.

Во интервју за радиото „Тајмс“, Болтон истакна дека само „политички огради“ го спречиле Трамп да го стори тоа за време на неговиот прв мандат.

„Не го убедивме дека НАТО всушност е прилично добар сојуз, но увиде дека не може да ја премине границата и да повика на повлекување. Кога ќе биде реизбран, таа политичка ограда, ако не исчезне целосно, значително ќе се намали“, рече Болтон.

Да потсетиме, претседателските избори во САД се закажани за 3 ноември, кога сегашниот претседател Доналд Трамп ќе се натпреварува со демократскиот кандидат Џо Бајден.

Поврзани вести

Конгресот на САД упатува обврзувачко барање до Белата куќа за документите од истрагата против Трамп

Влатко Зорба

Како изгледа кога Путин ќе се изнервира? (видео)

Уште милион луѓе ќе умрат од корона во сезоната на грип?

Пентагон купува 100.000 пластични кеси за телата на Американците кои ќе ја изгубат битката со коронавирусот

Ердоган: „Турски тек“ ќе биде пуштен на 8 јануари

Влатко Зорба

Русија официјално започна со производство на вакцина против коронавирусот

Влатко Зорба