Вести

Доставата на вакцини против коронавирус – мисија на векот

Испораката на вакцини против коронавирус ширум светот ќе биде најголемиот транспортен предизвик во историјата, тврдат претставниците на авионската индустрија, пренесува BBC.

8.000 Боинг 747 ќе бидат потребни за доставување на вакцините во сите земји, објави Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (International Air Transport Association – IATA).

Иако вакцината сè уште не е произведена, IATA веќе прави план за транспорт заедно со авиокомпаниите, аеродромите и националните здравствени организации.

Планот за дистрибуција предвидува една доза за една личност. Иако транспортот на стоки е новиот фокус на уништената авионска индустрија, доставата на вакцини е многу посложена задача. Авионите првенствено мора да бидат во согласност со стандардите како што е можноста за одржување на температура помеѓу два и осум степени, а за некои вакцини се потребни температури под нулата.

“Безбедното доставување вакцини за Ковид-19 ќе биде мисијата на векот за глобалната индустрија за воздушен транспорт. Но, тоа нема да се случи без внимателно планирање однапред. И времето за тоа е сега“, изјави извршниот директор на IATA, Александар де Јунијак.

За превозот ќе биде потребна скоро воена прецизност и ќе бидат потребни студени објекти низ мрежата на локации каде ќе се чува вакцината.

Околу 140 вакцини се во ран развој, а околу дваесетина сега се тестираат на луѓе во клинички студии.

Поврзани вести

При нападот над Ал Багдади помогнале и Турција, Ирак и Курдите

Maja_Serafimova

Дали вториот бран на коронавирусот ќе дојде од североисточна Кина?

Поради нов метод на броење, двојно повеќе мртви од коронавирус во април во Русија

Влатко Зорба

СЗО: Сите мора да имаат еднаков пристап до вакцината за КОВИД-19

За рубриката „Верувале или не“: Ги изгубил изборите, а немал противкандидати

Никола Поповски

Американските власти соопштија: Џејкоб Блејк имал нож во својот автомобил

Никола Поповски