Вести

Ердоган: Институциите ги преземаат сите мерки за заштита на граѓаните

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека институциите на земјата ги преземаат сите мерки за заштита на граѓаните по силниот земјотрес на истокот на земјата, и дека министрите се излезени на теренот.

„Институциите ги преземаат сите мерки за да ги заштитат граѓаните, министрите се на терен“, рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.

Според најновите информации, најмалку 14 лица загинаа во земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер што го погоди источниот турски град Елазиг вечерва.

Дирекцијата за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во 20:55 часот по локално време во Сиврице, недалеку од Елазиг.

„Според досегашните информации, во земјотресот загинале 14 лица“, пренесе АФАД.

Од дирекцијата формираа кризен штаб, а од голем број турски градови кон Елазиг се упатени голем број спасувачки служби.

Земјотресот беше почувствуван и во околните градови Адан, Хатај и Османје, дури и во северните делови на Сирија и Ирак.

АФАД исто така потврди дека после овој земјотрес се регистрирани уште 60 последователни земјотреси со понизок интензитет, од кои осум биле повисоки од 4,0 степени по Рихтер.

Поврзани вести

Официјално престана да постои името „Холандија“

Никола Поповски

Висок официјален претставник на Белата куќа: Медиумите пишуваат премногу за коронавирусот и со тоа му наштетуваат на Трамп

Никола Поповски

Контрола на патниците од Кина во САД поради новиот вирус

Ердоган: Сириските власти да се повлечат од североистокот на Сирија, инаку ќе употребиме сила

Александар Тодески

Владата во Пекинг забрани американска опрема во државните институции

Њујорк Тајмс: Трамп лично му кажал на Болтон дека ќе ја задржи воената помош за Украина, се додека Киев не објави истрага за Џо Бајден

Никола Поповски