Вести

Ердоган кон САД: Ние не сме племе, ние сме Турција

Денес, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, им се спротивстави на американските закани за санкции поради неодамнешното тестирање на напредниот руски противвоздушен систем S-400.

„Без оглед какви се вашите санкции, не одложувајте, туку применувајте ги. Вие (САД) ни велите да го вратиме S-400. Ние не сме племенска држава, ние сме Турција“, рече Ердоган.

Американските власти во петокот повторно предупредија дека односите со Турција, која официјално е сојузник на САД во НАТО, ќе бидат сериозно загрозени од неодамнешното турско тестирање на системот S-400.

Стејт департментот соопшти дека тестот е „некомпатибилен со одговорноста на Турција како сојузник на НАТО и стратешки партнер на Соединетите држави“.

СAD се заканија дека ќе воведат санкции против Турција доколку го активираат системот.

Анкара потпиша договор за набавка на S-400 од Русија во 2017 година, а првите батерии беа испорачани во јули минатата година.

Поврзани вести

Меркел: Влегуваме во нова фаза на пандемијата

СЗО негира дека не објавилa информации за коронавирусот под притисок на Кина

После Брегзит: Дали на ред е Италегзит?

Русија: 600.000 луѓе заболени коронавирус

Влатко Зорба

Кина ги регистира и асимптоматските случаи на Ковид-19

Прв чекор кон признавање на поразот: Трамп објави дека започна процесот на транзиција на власта

Никола Поповски