Вести

„Гамалеј“: Како руската вакцина против корона влијае на организмот?

Честичките од коронавирусот во вакцината против Ковид 19 не можат да му наштетат на организмот, рече директорот на Националниот истражувачки центар „Гамалеј“, Александар Гинзбург.

Според него, за време на правењето на вакцината биле користени мртви честички, направени врз основа на аденовирус.

„Честичките што можат да репродуцираат слични на самите себе, се означени како живи. Овие честички (во вакцината) не можат да се репродуцираат“, рече Гинзбург за Русија 24.

Како што рече, токму заради тоа, нема причина да се плашиме дека вакцината може да наштети на здравјето на луѓето.

Научникот истакна дека честичките од коронавирусот можат да предизвикаат максимална непријатност, затоа што кога во организмот се воведува странски антиген, имунолошкиот систем на вакцинираната личност почнува да работи силно.

Кај некои луѓе, температурата природно се крева во такви услови. За време на клиничките испитувања на вакцината, температурата кај руските волонтери понекогаш се искачува на 37 степени, понекогаш и на 38 степени, но „тој проблем се решава со таблета парацетамол“, рече Гинзбург.

Која е разликата помеѓу вакцината против коронавирус и вакцината против грип?

Дури за година дена до две ќе биде јасно дали ќе се промени составот на вакцината против коронавирусот и дали ќе биде доволно да се прими само една, изјави директорот на Националниот истражувачки центар „Гамалеј“, Александар Гинзбург.

Како што објасни тој, можно е дека сè ќе оди како со обичниот вирус на грип, бидејќи во тој случај потребно е да се промени антигенскиот состав на вакцината еднаш на две до три години, а исто така е можно ситуацијата да се развие како сипаница.

„Тој вирус никогаш не се менува, барем така изгледа, па ако ситуацијата се развие во таа насока со Ковид 19, една вакцина ќе биде доволна. Тоа би било најдобро можно сценарио. Сепак, засега неизвесно е, ќе треба година и пол или две за да се открие“, заклучи тој.

Клиничките испитувања на вакцината што ги изработи Националниот центар за истражување за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ започнаа на Универзитетот Сеченов на 18 јуни.

На тестирањето учествуваа 38 доброволци, а беше потврдена и безбедноста на вакцината. Сите се стекнаа со имунитет на коронавирусот.

Поврзани вести

Германскиот министер за надворешни работи е во карантин

Никола Поповски

Кои се новите симптоми на коронавирусот кај пациентите со тешка клиничка форма на болеста?

Како еден италијански град успеа се избори со епидемијата?

Влатко Зорба

Меѓу евакуираните Американци од бродот во Јапонија, 14 имаат коронавирус

Трудо на протест против расизмот во Отава, клекна во знак на солидарност со демонстрантите

Хитлер не избегал: Русите објавија слики од неговите остатоци

Влатко Зорба