Вести

Гејтс: Лекот и вакцините не треба да бидат достапни само за оние што ќе платат

Милијардерот Бил Гејтс денеска апелираше лековите за Ковид-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни на земјите и луѓето на кои им се најпотребни, а не на „оние кои ќе платат повеќе“.

При тоа тој истакна дека потпирањето на пазарните услови ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

– Ако едноставно дозволиме лековите и вакцината да одат кај оние кои ќе платата најмногу, наместо кај луѓето и на местата каде што се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и посмртоносна пандемија, рече основачот на Мајкрософт во видео-пораката емитувана за време на виртуелната конференција за коронавирусот што ја организираше Меѓународното здружение за борба против Сида.

– Лидерите треба да ги донесат овие тешки одлуки за дистрибуција врз основа на еднаквост, а не само на фактори кои ги утврдува пазарот, истакна Гејтс.

Поврзани вести

Руски суд ги казни Фејсбук и Твитер со по 58.000 евра

Во удар на торнадо во Тенеси загинаа 22 лица (ВИДЕО)

Помалку од половината Американци се со став дека треба да биде разрешен претседателот Трамп

СЗО со предупредување до Европа: Се молат владите да не го „спуштаат гардот“, 90 илјади починати на стариот континент

Се појави и втор свиркач против Трамп

Влатко Зорба

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 10 жртви

Влатко Зорба