Вести

Германски дипломат настрада од експлозијата во Бејрут

Во катастрофалната експлозија во Бејрут, во која животот го загубија повеќе од 135 лица, загина и еден вработен од германската амбасада во Либан, јавуваат германските медиуми.

„Нашиот најголем страв е потврден. Еден член на нашата амбасада во Берлин е убиен во експлозијата “, изјави министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас. „Сите сме длабоко вознемирени од смртта на нашата колешка“.

Мас изрази сочувство до семејството и персоналот на амбасадата во Бејрут.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите кои, како и нашата настрадана колешка, секој ден преземаат големи лични ризици ширум светот со цел да и служат на нашата земја“, рече Мас.

Гувернерот на Бејрут изјави денеска дека стотици илјади луѓе можеби нема да можат да се вратат во своите домови два или три месеци.

Поврзани вести

Дејли Стар: Ајатолах Мајк, организаторот на убиството на генералот Сулејмани, загинал во Авганистан?

Никола Поповски

Кина ги затвора границите за странци

Градоначалникот на Њујорк до федералната Влада: Недела е денот Д, испраќајте помош

СЗО предупредува да не се издаваат имунолошки пасоши: Нема докази дека луѓето што ја прележале короната стекнале имунитет

Влатко Зорба

Руски суд ги казни Фејсбук и Твитер со по 58.000 евра

Маските и социјалната дистанца ќе ни станат секојдневие?