Вести

Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква

Светиот синод на Грчката православна црква (ГПЦ) денеска и официјално го призна автокефалноста на Украинската православна црква (УПЦ).

Одлуката е донесена по барање на Вселенската патријаршија. Во гласањето во Синодот учествуваа 80 епископи. Одлуката ја објави Архиепископот Атински и на цела Грција, Јероним.

На 6 јануари оваа година Вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул потпиша указ за автокефалност на Украинската православна црква. Претходно, патријархот го поздрави успешното одржување на обединувачкиот собор во Украина. Патријархот Вартоломеј го покани митрополитот Епифаниј да му врачи Томос за автокефалност.

Поврзани вести

Песочна бура во Анкара, шест лица повредени (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Сириски сили влегле во град во близина на границата со Турција

Влатко Зорба

Од околу 133 илјади досега заразени од коронавирус во светот, излекувани се 69 илјади, а починале 4.900

Две ракети ја погодија Зелената зона во Багдад

Пентагон соопшти дека кај 34 американски војници биле дијагностицирани трауматични повреди на мозокот

Кој повторно ќе биде во карантин: Европските земји ги заоструваат мерките

Никола Поповски