Вести

„И двете наши вакцини се безбедни и ефикасни“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека руските вакцини против Ковид-19 се безбедни и ефикасни.

„Најважно е дека вакцината мора да биде безбедна и ефикасна. Двете од овие барања се исполнети и во двата случаи“, рече Путин и додаде дека третата е на пат.

Путин рече дека очекува масовната вакцинација во Русија да започне до крајот на 2020 година, пренесува ТАСС.

„Вакцината ќе биде доставена до сите региони. Се надевам дека ќе можеме да започнеме масовна вакцинација до крајот на годината“, рече тој на инвестицискиот форум „Русија повикува“.

Првата земја што ја прими руската вакцина е Белорусија, додаде Путин.

Поврзани вести

„Вашингтон пост“ ја врати на работа отпуштената новинарка по твитот за Коби Брајант

Курц: Короната влегува во Австрија со автомобил

Влатко Зорба

Од Ковид-19 се разболеле и неговите деца: Позната здравствената состојба на Силвио Берлускони

Никола Поповски

Италија: За првпат има повеќе респиратори отколку пациенти на кои се потребни

Бројот на заразени расте, италијанската влада воведува нови мерки

Влатко Зорба

Фармацевтска компанија работи на вакцина против коронавирус која ќе чини 2,5 евра

Влатко Зорба