Вести

Идентификувана жената која испрати писмо со отров до Трамп

Полицијата ја идентификува жената која испрати писмо до претседателот на САД, Доналд Трамп, во кое се наоѓаше смртоносниот отров рицин.

Писмото најверојатно испратено од Канада, вчера беше пресретнато од американската полиција, која не откри повеќе детали за испраќачот.

– Федералното истражно биро и нашите соработници од американските разузнавачки служби и служби за контрола на поштата го анализираат сомнителното писмо. Во овој момент нема навестување дека е загрозена јавната безбедност, се наведува во соопштението на ФБИ.

Рицинот природно се наоѓа во рицинусовите зрна, но со посебна постапка се претвора во биолошко оружје. Рицинот може да предизвика смрт во рок од 36 до 72 часа и не постои познат противотров.

Поврзани вести

Во последните 24 часа во Кина не е евидентиран смртен случај од Ковид-19

Смртоносниот вирус: Дали е можно во карантин да се стави град со 11 милиони жители?

Никола Поповски

Русија тврди: Америка воведува цензура на социјалните мрежи што ги контролира

Светот се моли за дожд во Австралија

Влатко Зорба

Трамп: Коронавирусот ќе исчезне без вакцината

Влатко Зорба

Правниот тим на Трамп: Претседателот не сторил апсолутно ништо погрешно

Влатко Зорба