Вести СВЕТ

Индија најави пакет помош, вреден 22,6 милијарди долари за граѓаните кои се најтешко погодени од коронавирусот

Индиските власти денеска најавија пакет помош, вреден 22,6 милијарди долари, за граѓаните кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот и мерките за изолација на земјата, воведени со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Министерката за финансии, Нирмала Ситараман изјави дека со овој финансиски пакет Владата на Индија ќе се погрижи за благосостојбата на сиромашните работници и на оние кои им е потребна итна помош.

Пакетот вклучува здравствено осигурување во износ од 66.400 долари по лице за околу два милиони лица ангажирани во првите борбени редови со пандемијата, како што се медицинските работници и вработените во санитарните служби, како и други лица вработени во јавното здравство.

Осумстотини милиони луѓе или речиси две третини од вкупниот број жители на Индија, исто така, секој месец бесплатно ќе добиваат по пет килограми ориз или пченица во наредните три месеци.

– Не сакаме никој да биде гладен, изјави Ситараман.

Мерките за помош вклучуваат и забрзани субвенции и придобивки за земјоделците, градежните работници, самохрани мајки и лица со инвалидитет, како и зголемена минимална плата.

Со одлука на премиерот Нарендра Моди, Индија стана речиси целосно блокирана земја во траење од 21 ден, а со работа продолжуваат само основните услуги, здравството и продавници за овошје и зеленчук.

Поврзани вести

Додик: БиХ е во распаѓање

Maja_Serafimova

Во САД подигнато обвинение против Хафтар заради воени злосторства

Путин: Нема докази за вмешаност на Иран во нападот врз саудиски нафтени постројки

Maja_Serafimova

Причина за пожарот на рускиот носач на авиони е изведување заварувачки работи, повредени 10 лица

Три лица загинаа, а уништени се 150 куќи во пожарите во Австралија

Аналитичари: Грабар-Китаровиќ ќе добие втор мандат