Вести

Историчар осуден на 13 години затвор во Русија

Руски суд денеска го осуди историчарот Јуриј Дмитриев на 13 години затвор откако ја смени претходната пресуда со која Дмитриев беше осуден на три и пол години затвор за сексуално злоставување на неговата посвоена ќерка.

Дмитриев (64), историчар познат по справување со злосторства од времето на Сталин, во јули беше прогласен за виновен за сексуално злоставување на неговата посвоена ќерка и осуден на три и пол години во градскиот суд во Петрозаводск во автономната република Карелија, во северозападна Русија.

Тој ги негираше обвинувањата, а неговиот адвокат и приврзаници тврдат дека се измислени затоа што соработувал со групата за човекови права „Меморијал“, пренесува Ројтерс.

Тие тврдат дека неговото вистинско злосторство е што тој се посветил на документирање на кампањи на политичката репресија и прогонства во Советскиот Сојуз, познати како „Големата чистка“, со наоѓање масовни гробници и бележење акти на државна репресија.

Еден од адвокатите на Дмитриев рече дека ќе поднесе жалба против оваа одлука, пренесува Интерфакс.

Американската амбасада во Москва ја осуди одлуката на рускиот суд.

За време на судењето во 2018 година, Димитриев беше ослободен од првичните обвиненија за детска порнографија, кои вклучуваат обвиненија за сексуално злоставување на неговата посвоена ќерка, но таа пресуда подоцна беше поништена и наскоро беше уапсен врз основа на ново обвинение.

Поврзани вести

Уапсен е полицаецот од Минеаполис, виновен за смртта на Џорџ Флојд

Блумберг: Трамп ќе ги „изеде“ демократските кандидати

Почна развивањето на вакцина против новиот коронавирус

Влатко Зорба

Италија: За првпат има повеќе респиратори отколку пациенти на кои се потребни

Како дете ја преживеал шпанската треска, а сега на 106 години го победи коронавирусот

Бразил/Ковид-19: Над 100.000 заразени