Вести

Италијанка го победи коронавирусот на 95 години

Алма Клара Корсини, стара 95 години, од Модена е најстарата Италијанка која е излечена од коронавирусот. Алма заминала во болница на 5 март, веднаш штом почувствувала симптоми на вирусот.

Медицинскиот персонал соопшти дека телото на оваа пензионерка покажало голема отпорност, што и помогнало да се опорави. Таа на новинар на моденска „Газета“ од болничкиот кревет му споделила: „Да, се чувствувам добро! Тука има добри луѓе и тие се грижеа за мене и наскоро ќе ме испратат дома“.

Бабата Алма се опорави без антивирусна терапија која најчесто им се дава на заразените пациенти, а кои се силни лекови, пренесува британски „Сан“.

Поврзани вести

Во САД од новиот коронавирус починаа над илјада луѓе

Денеска се одбележува меѓународниот ден за борба против насилството врз жените

Паника во Виетнам: После 100 дена нови случаи на Ковид-19, се евакуираат 80.000 луѓе

Највисоко ниво на закана по јавното здравје: Затворен Кинескиот ѕид за посетители

Никола Поповски

Полицаец нападна тинејџер во Австралија, се стравува од американско сценарио (видео)

Единствен случај во свет каде нема карантин: Јужна Кореја на чекор до победа над Ковид-19