Вести

Како еден италијански град успеа се избори со епидемијата?

Бројот на луѓе кои страдаат од коронавирусот во Италија постојано се зголемува во текот на изминатите неколку недели. Земјата пријави 86.498 пациенти, а 9.134 починати заклучно со саботата, 28 март.

Но, еден италијански град тврди дека го искоренил вирусот и дека сега достигнал нула нови случаи по спроведување на програми за масовно тестирање во обид да го спречи ширењето на вирусот.

Малиот град Во Еуганео, со население од 3.300, во центарот на најзаразената област во северна Италија, имаше неколку случаи на заболени од КОВИД-19 во третата недела од февруари, а првата смрт на 21 февруари се случи тука.

Значи, додека драконските мерки преземени од Кина за ставање на вирусот под контрола можеби не се погодни за други земји, дали можеме да научиме од примерот на овој италијански град?

Целиот град во изолација

По првата смрт од вирусот, целиот град беше ставен во изолација.

Никој не смеел да влегува или да го напушта градот, додека стока (лекови и храна) може да влезе само со одобрение од префектот, претставник на централната власт во Падова. Последователно, сите 3.300 жители, вклучително и оние кои немале симптоми, биле тестирани за овој вирус почнувајќи од 6 март.

Ова овозможило да се стават во карантин луѓето кои биле заразени пред да покажат какви било знаци на инфекција, со што ќе се запре понатамошното ширење на вирусот.

Во рок од 14 дена, вирусот беше искоренет од оваа заедница. Ова масивно тестирање откри дека околу три проценти од населението е заразено со вирусот во тој момент, а од нив, околу половина не покажале никакви симптоми иако биле позитивни.

После две недели целосна изолација на целиот град и карантин на заразените пациенти, само 0,25 проценти од населението беше позитивно за вирусот. Во Еуганео не пријавил нови случаи од петок 13 март.

Во првиот круг од тестирањето, 89 луѓе во Во Еуганео беа позитивни. Во вториот круг на тестирање, бројот на позитивни случаи падна на шест.

Поради мешавина на универзално тестирање и изолација низ целиот град, Во Еуганео успеа да избегне бројот на случаи да бидат надвор од контрола, со што се минимизира ризикот од големи побарувања на здравствени услуги. Всушност, тие го уништиле вирусот во самиот зачеток со преземање на агресивни и решителни активности на почетокот за да го запрат ширењето на болеста.

Сето ова се постигнува со 100 проценти стапка на опоравување за оние кои претходно биле заразени.

Ветувачка пилот студија

Пишувајќи за случајот, Андреа Кристани, професор по микробиологија на Универзитетот во Падова во Италија, кој помогна да се спроведе тестот, и Антонио Касоне, поранешен директор на одделот за заразни болести во италијанскиот институт за здравство, изјавија: „Во последните две недели, ветувачката пилот студија овде даде резултати што можат да бидат корисни за другите држави кои се обидуваат да го контролираат вирусот“.

„Почнувајќи од 6 март, заедно со истражувачите од Универзитетот во Падова и од Црвениот крст, ги тестиравме сите жители на Во Еуганео, град со 3.000 жители во близина на Венеција, вклучително и оние кои немаат симптоми. Ова ни овозможи да ги карантираме луѓето пред да покажат знаци на инфекција и да спречиме понатаму да се шири вирусот. На овој начин го искоренивме коронавирусот за помалку од 14 дена“.

Меѓутоа, на други места во Италија, како и во други земји, властите ги тестирале само оние луѓе кои веќе ги покажуваат симптоми.

Одлуката за тестирање само на оние со симптоми на коронавирус е донесена од водечки италијански експерти за јавно здравје, очигледно во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

Но, според мислењето на Кристани и Касоне, асимптоматските или квази-симптоматските субјекти сочинуваат добри 70 проценти од сите заразени со вирусот и, уште полошо, огромен број од нив можат да го пренесат вирусот на другите, без да го знаат тоа.

Како што се покажа во корона, тестирањето во заедницата дава појасна слика за тоа колку луѓе всушност го имаат вирусот и колку го пренесуваат.

Клучен фактор е дека тестирањето само на оние кои покажуваат симптоми на вирусот обезбедува неопределен и заведувачки индикатор не само за тоа колку луѓе се заразиле, туку и за целокупната стапка на смртност.

Другите држави треба повнимателно да ги разгледаат резултатите од студијата за случајот „Во Еуганео“.

Можеби е тешко да се спроведе такво тестирање во поголемите градови или низ целата земја, но може да биде можно да се спроведе овој пристап во области каде што инфекцијата се шири брзо, со што се задушува ширењето на вирусот пред да се зголеми бројот на случаи. Ова ќе помогне да се избегне ризикот од голем притисок врз болниците.

Владите би можеле да идентификуваат и изолираат области со голем број заболени, да ги тестираат сите во овие заедници и да го карантираат секој граѓанин, без разлика дали има симптоми или не, а потоа да ги следат нивните неодамнешни контакти и да ги карантираат тие луѓе.

Целосното тестирање е единствениот начин на кој државите ќе добијат јасна слика за вистинските броеви на заболените и, според тоа, колку луѓе ризикуваат да заразат други, без да го знаат тоа.

Во отсуство на вакцина, идентификување на сите носители (со и без симптоми) се чини како најефикасен начин за контрола на пандемијата.

Примерот за масовно тестирање во Во Еуганео ја повторува неодамнешната изјава на Светската здравствена организација.

„Имаме едноставна порака за сите земји – тест, тест, тест“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на СЗО, на конференцијата за медиуми минатата недела.

„Сите држави треба да бидат во можност да ги тестираат сите сомнителни случаи. Не можам слепо да се борам против оваа пандемија“, додава тој.

Џејмс Мелвил, политички писател и директор медиумската консултантска куќа „Ист Поинт Вест“ во Лондон

Поврзани вести

Снимките од соборениот авион ќе бидат предадени на Техеран

Никола Поповски

Пенс и Помпео пристигнаа вo Анкара

Maja_Serafimova

Масовниот убиецот на Тајланд бил лут на бабата на командирот

Никола Поповски

ДВ: Полувистинито и непотребно реалити-шоу на Трамп

Никола Поповски

Состојба со коронавирусот во светот до 20 часот

Рускиот војник ја откри причината зошто ги убил своите колеги (ВИДЕО)