Вести

„Кој ќе го убие Трамп, ќе добие 3 милиони долари“

Ирански пратеник нуди награда од 3 милиони долари на оној, „кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, објави иранската новинска агенција „Исна“.

„Во име на луѓето од провинцијата Керман, ние ќе платиме три милиони долари во готово на оној, кој ќе го убие Трамп“, изјави Ахмад Хамзех пред пратениците, цитиран од „Исна“.

Хамзех не прецизираше дали одлуката да се заканува на американскиот претседател ја донеле иранските верски водачи, забележува „Ројтерс“.

Британската агенција посочува дека Керман е родно место на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во напад на беспилотно летало во близина на Багдад

Поврзани вести

Првите 16 тела на загинатите во „камионот на смртта“ пристигнаа во Виетнам

Неправилности, прекршувања на законот и фалсификување на резултатите: Што се сè случувало на изборите во Белорусија?

Никола Поповски

Кери Лам: Нема да попуштам пред барањата на демонстрантите

Кина: Поранешниот директор на Интерпол осуден на 13,5 години затвор

Никола Поповски

Банкротираше еден од најголемите бордели во Европа

Влатко Зорба

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата за Сирија

Влатко Зорба