Вести

Компромитирачките филмови на Хантер Бајден и Руди Џулијани се предизборно задоволство во САД

Останаа помалку од седум дена до претседателските избори во САД, а изборната кампања е при крај. Иако не е сигурно дека ова се последните трикови на завојуваните страни при компромитирање на претседателските кандидати, Америка не се сеќава на предизборни „клипови“ во кои синот на еден кандидат пуши крек и води љубов со проститутки, додека главниот адвокат на друг кандидат „сомнително“ ја поставува кошулата во хотелска соба пред убавица што му се нуди.

Започна пред околу десетина дена со откривање на содржината на хард дисковите од заборавениот компјутер на Хантер Бајден, која беше претставена во „пишана форма“ во „Њујорк пост“. Според сопственото признание, Руди Џулијани „кумувал“ на овие ексклузивки.

„Продемсите“ жестоко возвратија во петокот кога новиот филм на комичарот Саша Барон Коен беше официјално „пуштен“ во стриминг, во кој адвокатот од Њујорк беше фотографиран во компромитирачка позиција во хотелска соба.

И додека на Твитер и воопшто на мрежите се поигруваа со наивноста на адвокатот на Доналд Трамп, кинескиот дисидентен милионер и прорепубликанец Гуо Венгуи објави два кратки секси филма на својата дигитална платформа каде што главниот лик „многу личи“ на Бајден јуниор и ужива во наркотици и проститутки.

Во филмот што се појави во САД во саботата вечерта, на мрежата „Редит“ може да се види гол маж „кој е истиот Хантер Бајден“ со жена со заматено лице, што го прави невозможно да се утврди дали е малолетничка како што изгледа. За време на воведните минути, може да се чуе „истиот“ Хантер како и дава комплименти на жената за нејзината техника: „Толку е професионално“ … „Тоа не можете да го најдете ниту таму“, се смее додека гестикулира кон нешто надвор од камерата. Неколку минути подоцна можете да го видите истиот со крек.

Реакцијата на „Твитер“ беше брза. Корисниците кои се обидоа да ја споделат снимката беа брзо блокирани. Кога станува збор за Бајден, „мрежите“ не дозволуваат споделување на компромитирачки материјал, затоа што „тие немаат проверка на исправноста“ од „непристрасни извори“.

Руди и Марија во филмот на Борат

Руди Џулијани е еден од главните „херои“ во најновиот филм за Борат во САД. Во филмот, Коен ја носи својата ќерка од Казахстан (ја игра Марија Бакалова) за да ја подари на најмоќниот американски политичар (заради подобри односи меѓу двете земји). По интервјуто со адвокатот на претседателот, Џулијани и Марија завршија во хотелска соба на пијалок. Камерите го снимија Џулијани како ја соблекува кошулата и посегнува по пантолоните, пред Борат да влета во собата и да викне: „Таа има 15. Таа е премногу стара за тебе“.

Веднаш по инцидентот, Џулијани повика полиција да го пријави настанот, тврдејќи дека тој бил жртва на измама. Секако, Џулијани изгледаше морничаво, но технички ниту еден закон не беше прекршен затоа што Бакалова има 24 години и таа ја иницираше средбата. Тие беа прекинати уште пред да му се даде можност на Џулијани да стори нешто незаконско.

Поврзани вести

Дали Лукашенко нуди „рака за помирување“: Ќе се откаже од 80 проценти од надлежностите

Никола Поповски

Дали Шведска погреши со моделот на справување: Најризичните групи се незаштитени, стапката на смртност двојно поголема отколку во Италија

Азербејџан објави видео како граната ги разнесува непријателските војници (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Stefanija Kuzmanovska

Пожар во пристаништето Бејрут, гори склад за нафта и гуми (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Куомо го повика Трамп да издаде наредба за задолжително носење маски  во јавност

Австрискиот претседател од Израел: Ние бевме жртви на нацистичкиот режим, но и сторители на злосторства

Никола Поповски