Вести

Кралицата Елизабета се обрати: Целиот свет се смени, ние мора да се обединиме (ВИДЕО)

Кралицата Елизабета Втора од Британија вечерва се обрати на народот на Велика Британија од замокот Виндзор, каде се повлече поради пандемија од коронавирус со нејзиниот сопруг принцот Филип.

Како што истакнаа од Би-Би-Си на почетокот на емитувањето, Кралицата била замолена од британската влада да упати говор до народот затоа што тоа е национален приоритет со оглед на пандемијата на коронавирус.

Како и целата земја и светот, ситуацијата е лична за самата кралица, велат новинарите. Се вели дека членовите на семејството и пријателите на Кралицата имаат коронавирус.

„Јас ви се обраќам во ова исклучително предизвикувачко време. Оваа пандемија го смени целиот наш свет. Сакам да им се заблагодарам на сите што се борат со вирусот, особено на првите редови на британската здравствена организација. Сите сме заедно во ова. Од целиот свет доаѓаат снимки од големи напори на многу луѓе погодени од оваа пандемија, започна кралицата.

„Ако сме обединети и решителни, ќе ја надминеме целата оваа ситуација“, продолжи таа, а сепотсети и на нејзината сестра Маргарет.

„Сестра ми и јас само што зборувавме од замокот Виндзор за време на Втората светска војна и им се обративме на многумина кои не можеа да бидат со своите најблиски. Сега повторно се соочуваме со оваа состојба, но од друга причина, вели кралицата.

Поврзани вести

Состојба со коронавирусот во светот до 17 часот

Жителите на неколку боливиски градови пријавиле дека имаат недостиг од храна и бензин

Италија: Опаѓа бројот на смртни случаи, најмалку новозаразени од 10-ти март

Ердоган најави воена операција на границата со Сирија

Влатко Зорба

Трамп: Коронавирусот ќе исчезне без вакцината

Влатко Зорба

Најмалку 30 лица се држат како заложници во трговски центар на Филипините (видео)