Вести

Лавров: „Северен тек 2“ е прашање на чест за Германија

Изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ стана прашање на чест за Германија, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

„Мислам дека е време да се смириме во врска со ова прашање. Секојдневно гледаме како САД се обидуваат јавно да ги понижат ЕУ и Германија и како бараат Германија да го напушти „Северен тек 2“ и да премине на многу поскап американски природен гас. Сега, јас лично мислам, стана прашање на чест за Германија“, рече Лавров, пренесува Танјуг.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во понеделникот изјави дека Вашингтон формира коалиција за да го попречи завршувањето на гасоводот „Северен тек 2“.

На почетокот на септември германската канцеларка Ангела Меркел и нејзиниот министер за економија Питер Алтмаер ја разгледаа можноста за запирање на работите на гасоводот од Русија до Германија, како дел од воведувањето санкции против Москва поради труењето на опозицискиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц потоа рече дека труењето на критичарите на руската влада и гасоводот „Северен тек 2“ не треба да се поврзуваат.

„Северен тек 2“ треба да го удвои капацитетот на постојниот „Северен тек“, гасовод од Русија до Германија. Се очекува да започне со работа следната година, откако е завршен повеќе од 90 проценти.

Поврзани вести

Коронавирусот се „сели“: Европа повеќе не е жариште на пандемијата

Драстично зголемување на цената на кокаинот поради коронавирусот: Како дилерите ги убедуваат клиентите да купат повеќе? (видео)

Франција: Повеќе од 20.000 луѓе се заразени со корона во последните 24 часа

Влатко Зорба

САД: Полицајци завршиле во болница откако испиле шејк во кој наводно имало белило

Влатко Зорба

Најмалку 30 лица се држат како заложници во трговски центар на Филипините (видео)

Тројца уредници и над 50 новинари поднесоа оставки во унгарски Индекс поради смена на главниот уредник

Влатко Зорба