Вести

Лукашенко освоил 80,23 проценти од гласовите на изборите

Белорускиот претседател Александар Лукашенко освоил 80,23 проценти од гласовите на претседателските избори, објави денеска претседателот на Изборната комисија на таа земја, Лидија Јермошина.

На претседателските избори во неделата неговиот главен противник, Светлана Тихановскаја, освои 9,9 проценти од гласовите, додека останатите тројца кандидати освоија помалку од два проценти, пренесува „ТАСС“.

Во исто време, 6,02 проценти од граѓаните гласаа против сите кандидати, рече Јермошина, додавајќи дека конечните резултати, најверојатно, нема да се променат значително.

Во неделата вечерта откако беа објавени првите резултати, илјадници граѓани излегоа на улиците на протест, тврдејќи дека изборите биле украдени.

Полициските вооружени сили користеше водени топови, солзавец и шок бомби против демонстрантите, а невладина организација соопшти дека едно лице е убено а 120 се уапсени по синоќешните немири.

Поврзани вести

Жестока дискусија во Сенатот за правилата на процесот за отповикување на Трамп

Илјадници луѓе на улиците на Лондон, демонстрантите на колена му оддадоа почит на Флојд (ВИДЕО)

Влатко Зорба

По коментарите на Макрон, Помпео и Мас во одбрана на НАТО

Гутереш: Тешко е да се има смислена трансформација на механизмите за глобално управување без активно учество на светските сили

Дали труењето на Навални е можно само со учество на руската влада?

Никола Поповски

Кина ги затвора границите за странци