Вести

Лукашенко: Русија и Белорусија немаат многу пријатели, мора заеднички да реагираме на заканите

Ситуацијата околу Сојузот на Русија и Белорусија е сложена, нашите земји немаат многу пријатели, мора заеднички да одговориме на новите предизвици, рече белорускиот лидер Александар Лукашенко на средбата со директорот на руската служба за Надворешно-разузнавачка служба Сергеј Наришкин.

„Не е тајна дека нашата средба во овој момент ќе предизвика некаква експлозија во медиумите, особено на Интернет. Не криеме дека ситуацијата што нè опкружува е сложена, мислам на Сојузот на двете држави“, рече Лукашенко на почетокот на разговорот, како што објави државната агенција „Белта“.

Белорускиот претседател на средбата со Наришкин истакна дека во свет „избезумен од пандемијата“ Русија и Белорусија имаат малку пријатели, како и дека сите се заинтересирани за нив, на што треба да реагираат Москва и Минск.

„Во овој луд свет, особено полуден од пандемијата и други работи – немаме многу пријатели. Зборуваме отворено, сите се интересираат за нас. За Русија и Белорусија. Ние треба да реагираме“, рече белорускиот лидер на состанокот во Палатата на независноста.

Тој исто така му се заблагодари на шефот на Службата за надворешно разузнавање за информациите што руската разузнавачка служба „редовно ги пренесува“ на белоруските специјални служби и на него самиот.

Наришкин од своја страна на состанокот во Минск истакна дека специјалните служби на Русија и Белорусија можат да сторат многу повеќе, со цел да ги осигурат интересите на двете земји и да ги заштитат од заканите што се појавуваат.

„Убеден сум дека специјалните служби можат да сторат многу повеќе за да ги обезбедат интересите на нашите земји и граѓани и да ги заштитат од заканите што се појавуваат периодично“, му рече Наришкин на претседателот на Белорусија, како што објави „Белта“.

Во исто време, Наришкин изрази благодарност до неговите белоруски колеги за организирање на состанокот на колегиумот за специјални служби на двете земји во Минск.

„Им благодарам на колегите за фактот што денес се среќаваме овде, повторно одржуваме заеднички состанок на колегиумот на нашите специјални служби. Ние го одржуваме во тежок период “, рече тој.

Наришкин ненајавено пристигна во Минск во четвртокот наутро.

Поврзани вести

Ердоган: Турција произведе лек против коронавирус, од 1 јули отворање на кината и театрите

Чешка со најлоши рекорди на заболени од Ковид-19 во Европа

Никола Поповски

Како Бејрут беше „срамнет со земја“ за една секунда (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Институтот Роберт Кох: Балканските земји се најголемите „извозници“ на Ковид-19 во Германија

Никола Поповски

Помпео: Неопходно да се намалат тензиите во Ирак и регионот

Трамп: Ќе ја означиме АНТИФА за терористичка организација (фото)