Вести

Лукашенко се заканува

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, вели дека вооружените единици на милицијата треба да се зајакнат, додека властите се обидуваат да ги прекинат повеќемесечните протести на опозицијата.

Лукашенко рече дека властите во Белорусија не гледаат причина да им ласкаат на оние што решија да им се придружат на штрајкувачите.

Демонстрантите формираа „синџир на солидарност“ во понеделникот во неколку делови на Минск за поддршка на „ултиматумот на народот“ поставен од опозицијата, потсетува Ројтерс.

Поранешната кандидатка за претседател Светлана Тихановскаја ги повика вработените во приватни компании, информатичарите и припадниците на верските заедници да штрајкуваат за поддршка на белоруската опозиција.

Ултиматумот даден од Тихановскаја на сегашниот претседател Лукашенко истече во неделата.

Клучните барања во ултиматумот се оставка на Лукашенко, крај на насилството и ослободување на политичките затвореници.

Белорускиот министер за внатрешни работи, Јуриј Карајев во средата предупреди дека властите нема да се двоумат да употребат боева муниција против демонстрантите доколку е потребно за да се смират протестите против реизборот на Александар Лукашенко за претседател, кои траат повеќе од два и пол месеци.

Тој смета дека полицијата била премногу толерантна кон демонстрантите и рече дека ќе заземат поостар став.

Карајев истакна дека полицијата ќе продолжи да се потпира главно на несмртоносно оружје, но тој предупреди дека ќе употреби огнено оружје доколку се соочи со бурна реакција од демонстрантите.

Во средата, белоруската опозиција објави формирање на нова организациска структура на Народната антикризна управа, чија улога треба да биде стабилизирање на состојбата во земјата, доколку опозицијата успее да го симне од власт претседателот Александар Лукашенко.

Поврзани вести

Петпати во американската историја, претседател станал кандидатот кој имал помалку гласови на изборите: Што се тоа електори и како функционира изборниот колеџ?

Никола Поповски

Северна Кореја одржала воена парада во раните утрински часови (фото)

Никола Поповски

Повеќе од 70 земји може да останат без лек против ХИВ, како резултат на пандемијата

Нов проблем за италијанските власти: Жители од северниот дел на земјата избегале од карантинот

Што се случува кога Путин ве брани: Прашајте ги Ерменците

Влатко Зорба

Кери Лам ја отфрли можноста за правење нови отстапки за демонстрантите