Вести

Макрон испрати порака на турски јазик

Говорејќи за тензиите во Источен Медитеран, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека треба повторно да се отвори одговорен дијалог, пренесува агенцијата Анадолија.

Макрон испрати порака преку својот официјален профил на Твитер на француски, а потоа и на турски јазик, во врска со ситуацијата во источниот Медитеран.

„Во Ајачио испративме јасна порака до Турција. Со добра волја, без наивност, повторно ќе отвориме одговорен дијалог. Овој повик е и повик од Европскиот парламент. Се чини дека е слушнат. Продолжуваме“, рече Макрон.

Изјавата на Макрон доаѓа во време кога тензиите меѓу Турција и Грција се на својот врв во врска со истражувањето на наоѓалиштата на гас во Средоземното Море, на кои имаат право и Турција и Грција, објави Хина

Поврзани вести

Трамп со предупредување до Хамнеи: Внимавај што зборуваш!

Трамп е патолошки лажго, тврди Сандерс

Никола Поповски

Убиство во Атланта заради паркинг место (ВИДЕО)

Германија: Две кули за ладење на поранешна нуклеарна централа уништени со експлозија (видео)

Пелоси апелира на државите да го игнорираат Хуавеј

Во Сирија убиени четворица турски војници, Ердоган предупредува: Ќе продолжиме да се одмаздуваме за нападите!

Александар Петровски