Вести

Макрон: Русија да даде објаснувања или да сноси последици

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Русија треба да даде објаснувања за случајот со наводно труење на опозицискиот лидер Алексеј Навални или да ги сноси меѓународните последици, без да прецизира кои се тие.

„Ова е очигледно обид за атентат врз руски опозициски лидер на руска територија, со хемиски агенс so кој се манипулира во Русија. Затоа е на Русија да даде објаснувања“, рече Макрон на прес-конференција во Вилнус, пренесува Ројтерс.

Францускиот претседател додаде дека меѓународната заедница ќе мора да донесе одлука за последиците врз основа на тоа дали Русија ќе обезбеди информации до Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Макрон исто така посочи дека Европа мора да соработува со Русија во градењето мир на континентот.

Поврзани вести

Дали и колку ќе се промени секојдневниот живот на луѓето кои први ќе ја примат вакцината против коронавирус?

Никола Поповски

Јужна Америка е епицентарот на Ковид-19: Перу ја престигна Италија по бројот на заразени

Палестина: Прекинување на односите со сите држави што ќе ја преместат амбасадата во Ерусалим

Влатко Зорба

Повеќе од 200.000 луѓе ставени во карантин во Каталонија

Влатко Зорба

Расте бројот на жртви во земјотресот на Филипини

Maja_Serafimova

Новозеландскиот министер за здравство ја прекршил забраната за движење, возел велосипед