Вести

Маск: Ќе собориме од власт секој што сакаме

Милијардерот Елон Маск напиша на „Твитер“, „Ќе собориме од власт секој што сакаме“, како одговор на корисник на Твитер, кој тврдеше дека американската влада организирала соборување на боливискиот претседател Ево Моралес, со цел да добие резерви на литиум во таа земја. Додека некои тврдат дека Маск се шегувал, други сметаат дека тој открил меѓународен заговор, а на дискусијата се приклучи и Моралес.

Сè уште не е јасно дали станува збор за иронија на Маск или за тежок меѓународен инцидент, но сопственикот на „Спејс Х“ и основачот на „Тесла“ повторно направи вистинска бура на Интернет.

Многумина на социјалните медиуми сметаат дека Маск бил ироничен, алудирајќи на мешање на богатите западни земји во внатрешните работи на други земји, бидејќи подоцна додаде дека неговата компанија добила литиум за производство на батерии и други компоненти од Австралија.

Други корисници на социјалните мрежи, пак, тврдат дека со овој твит, Муск открил кршење на меѓународното право и „злосторства против човештвото“ и кој стои зад соборувањето на Ево Моралес од позицијата претседател на Боливија минатата година.

Ова не е првпат Маск да привлече меѓународно внимание со своите коментари на Твитер, бидејќи претходно објави дека ќе го продаде целиот свој имот, дека ќе го бомбардира Марс, дека ќе всадува чипови во мозокот, а кога стана татко, тој објави дека му дал на детето шифрирано име.

Поврзани вести

Вол Стрит запре за 15 минути: Паника на берзите поради коронавирусот

СЗО: Хидроксихлоракинот не ја намалува смртноста од Ковид-19

Еден од највисоките кинески генерали: Ќе го нападнеме Тајван доколку се обиде да прогласи независност

Односите Русија и САД на најниска точка, вели портпаролот на Путин

Влатко Зорба

Ирак: Се урна американски воен авион, има и жртви

Никола Поповски

Коронавирусот се шири во Шпанија уште од средината на февруари?

Влатко Зорба