Вести

Меркел никогаш не е видена како носи маска: Дојдете таму кај што пазарувам!

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделникот изјави дека досега не е видена со маска за лице, иако таа ја носи при купување намирници, затоа што го чува името на продавницата каде купува во тајност.

Меркел се насмеа кога новинар ја праша на прес-конференција заедно со францускиот претседател Емануел Макрон: „Не сме ве виделе со маска на лицето. Зошто така?“

Меркел одговори: „Ако ги следам правилата за социјална дистанца, тогаш не ми треба маска. Но, кога не можам, како што е случајот кога одам во продавница, на пример, тогаш ние очигледно не сме наишле едни на други, инаку ќе ме видите со маска на лицето“

„Но, јас нема да ви кажам каде одам на шопинг“, се насмеа канцеларката.

Меркел се соочува со пораст на популарноста заради начинот на кој таа се справува со кризата во земјата, откако Германија се справува многу подобро од повеќето нејзини европски соседи благодарение на широко распространетите тестирања, стабилниот здравствен систем и големите пакети за економска поддршка.

Поврзани вести

Дали вториот бран на коронавирусот ќе дојде од североисточна Кина?

Пандемијата донесе почист воздух во Европа

Влатко Зорба

Австралија сè уште се бори со пожари, температури над 42 степени Целзиусови

ОН: За милиони луѓе низ светот 2020 година ќе биде тешка

Драма во Алјаска: Авион со средношколци се лизна од пистата

Maja_Serafimova

СЗО: Сите докази укажуваат дека новиот коронавирус го пренеле лилјаци на луѓе во Кина