Вести

Мерките во Унгарија и понатаму важат, иако има само двајца новозаразени

Во изминатите 24 часа, еден пациент починал во Унгарија, а пријавени се два нови случаи, објавено е на официјалната веб-страница koronavirus.gov.hu.

Сепак, опасноста од епидемија сè уште не поминала, унгарските власти потенцираат и предупредуваат дека состојбата на подготвеност сè уште е на сила. Ова подразбира задолжително носење маски во јавниот превоз и продавниците.

Досега во Унгарија починале 589 луѓе, а 4.174 се заразени од почетокот на пандемијата, пренесува Танјуг.

Има 801 активни случаи, 140 се хоспитализирани, од кои осум се на респиратор, а уште 1.252 лица се во самоизолација.

Досега се излекувани 2.784.

Од вкупниот број на пациенти, 40 проценти заразени и 60 проценти починати се од Будимпешта.

Поврзани вести

СЗО: Новиот коронавирус засега нема да биде прогласен за глобална здравствена закана

Светска банка: 12 милијарди долари за вакцини за сиромашните држави

Влатко Зорба

„Њујорк Тајмс“: САД престануваат да издаваат зелени картони

Влатко Зорба

Ким го проверува ракописот на сите – сака да открие кој напишал навредлив графити на негова сметка

Влатко Зорба

Сајбер експертите го нападнаа Нетанјаху заради неговиот предлог да се „микрочипираат“ децата (ВИДЕО)

Нов Зеланд го укина карантинот: Се отвораат училиштата, дозволени се венчавки и погреби