Вести

„Мистериозно летало какво што не сме виделе претходно“: Сведоштво на американски пилот (ВИДЕО)

Мистериозниот авион, кој тргнавме да го пресретнуваме, се однесуваше како да е во војна, ги блокираше воените радари, движејќи се како никое што сме го виделе порано, изјави пензионираниот американски воен пилот Дејвид Фрејвор за блиската средба со НЛО над Калифорнија.

Фрејвор беше командант на тимот што беше испратен во 2004 година да пресретне непознат авион што беше забележан над Калифорнија.

Извештајот за ова следење неодамна беше обелоденето, бидејќи од него беше тргната ознаката за тајност. Фрејвор зборуваше за случајот во интервју за руско-американскиот јутубер и истражувач на универзитетот МИТ, Лекс Фридман.

https://www.youtube.com/watch?v=5HInaJxFxWs&feature=emb_title

„Бевме на рутински тренинг лет кога неидентификуван авион беше забележан како изведува необични маневри во близина на брегот на Калифорнија. Ни беше наредено да го пресретнеме и идентификуваме, бидејќи тој се појави претходно и беше следен од морнарицата две недели. Четворицата отидовме да пресретнеме во два авиона, рече Фрејвор, кој беше пилот во американската морнарица 18 години.

Како што додаде, авионот се појавил на надморска височина од околу 24 километри, се спуштил кон морето, а потоа нагло застанал и лебдел на надморска височина од околу шест километри.

„Не беше тоа како да видовме светла кои исчезнуваат во далечина, но ние четворицата пилоти, обучени да набљудуваме, го гледавме тој авион на чист ден“, вели пилотот.

Тој објаснува дека авионот не се движел како обични авиони или хеликоптери.

„Леташе на север, југ, север, југ. Инсистирав да му пријдам, бев малку помалку од еден километар од него, на надморска височина од околу 3,5 километри, кога тој исчезна за помалку од половина секунда“, вели Фрејвор.

Пилотите се спуштиле на море за да проверат дали авионот не се обидел да се „скрие“ на мала висина, но не нашле ништо.

Кога слетале, дознале дека радарите на нивните авиони го забележале движењето на леталото. Сепак, исто така беше забележано дека леталото активно ги блокирало нивните радари.

„Кога активно нарушувате нечиј борбен систем, технички, тоа е чин на војна“, вели пилотот.

На прашањето дали мисли дека станува збор за летало од друга планета, Фрејвор одговори:

„Не сакам да зборувам за „малите зелени“, но мислам дека немавме развиено вакво летало. Некој ќе можеше да го скрие некое време, но тоа ќе се откриеше брзо, бидејќи тоа е огромен скок во технологијата“, рече Фрејвор.

Овој авион бил забележан на 10 ноември 2004 година. Радарските снимки од авионите кои тргнаа да го пресретнат „протекоа“ во јавноста 13 години подоцна, а Пентагон официјално ги објави оваа година.

Поврзани вести

За 24 часа починале 381 лице: Поразителна статистика во Велика Британија

Ејми Кони Берет: Кој е новата судијка на Врховниот суд и како може да ги промени САД?

Никола Поповски

Најмалку 245 куќи уништени во пожар во Чиле

7 држави останаа без право на глас во Генералното собрание на ОН

Влатко Зорба

Водечкиот британски експерт: Глупаво е да очекуваме вакцина сега, ќе ги почувствуваме вистинските последици од короната во зима

Влатко Зорба

По грешка отпуштени 1.694 пациенти од психијатриски болници