Вести

Напаѓачот во Париз имал руско државјанство?

Француската ТВ станица БФМ ТВ објави дека е можно напаѓачот, кој порано денеска обезглави наставник во училиште во предградието на Париз, да е роден во Москва, но тие информации не се официјално потврдени. Руската амбасада во Париз соопшти дека француските власти не им се обратиле во тој поглед.

„Во амбасадата не пристигнаа никакви прашања во врска со напаѓачот“, соопшти прес-службата на амбасадата, додавајќи дека се проверуваат информациите за неговото наводно руско државјанство.

Медиумите претходно објавија дека напаѓачот е од Алжир и дека има 48 години.

Француската полиција вечерва застрела човек кој нападнал друго лице со нож во близина на училиште во Париз и му ја отсекол главата, соопшти полицијата.

Нападот се случил во селото Конфлан Сен-Онорин, предградие северозападно од Париз. Полициските сили се уште се на лице место, а пристигна и претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Според медиумите, жртвата е наставник кој покажал карикатури на пророкот Мухамед за време на час. Ова очигледно го мотивирало напаѓачот, познат на полицијата од порано.

Поврзани вести

Трамп ја довел до солзи Тереза ​​Меј и ја „малтретирал“ за време на разговорите

Влатко Зорба

Импичментот за Трамп следната недела во Сенатот

Никола Поповски

Макрон: Се воведува полициски час, секој што ќе ги прекрши мерките ќе биде пронајден

Никола Поповски

Добил казна зошто јадел бурек без маска

Влатко Зорба

Емотивен говор на братот на Џорџ Флојд: „Зошто дивеете, тоа нема да го врати брат ми“ (видео)

Повеќе од 8 милиони заразени во светот, најмалку 440 илјади починале од Ковид-19