Вести

НАТО: Веднаш да се прекине конфликтот во Нагорно Карабах

Страните во конфликтот во Нагорно-Карабах мораат итно да го прекинат конфликтот и да започнат мировни преговори, рече специјалниот претставник на генералниот секретар на НАТО за Кавказ и Централна Азија, Џејмс Апатурај.

Во соопштението се вели дека НАТО е длабоко загрижен за големи воени конфликти долж линијата на контакт во Нагорно Карабах, се вели на веб-страницата на Алијансата.

„Страните во конфликтот мора итно да ги прекинат непријателствата, што веќе доведе до загуби на животи на цивили. Нема воено решение за овој конфликт”, се вели во соопштението.

НАТО ги повика сите страни да продолжат со преговорите кон мирно решение, нагласувајќи дека во таа смисла ги поддржува напорите на Групата на ОБСЕ од Минск.

Поврзани вести

Во близина на Белата куќа: Демонстрантите запалиле црква стара два века (видео)

Русија почна да го добива долгот од три милијарди долари за оружје

Никола Поповски

Ди Мајо: Денот Д за европскиот туризам е на 15 јуни

Кина: Се повеќе се намалува бројот на новозаразени со коронавирус во Вухан

На пат за Антарктикот се урна чилеански воен авион со 38 лица во него

Нови 582 случаи на коронавирус во Русија: 9 починати во последните 24 часа