Вести

Папата Франциск повика на дијалог и воздржаност по убиството на Касим Сулејмани

Папата Франциск денеска повика на дијалог и воздржаност, два дена по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак.

На денешната молитва во Ватикан, Папата зборуваше за „страшната напнатост што може да се почувствува во многу делови на светот“.

– Ги повикувам сите страни да го задржат пламенот на дијалог и самовоздржување и да ја отфрлат сенката на непријателство, рече Папата.

Тој порача дека војната носи само смрт и уништување.

Иранскиот воен командант Сулејмани беше убиен во петокот во американски напад, по што дојде до зголемување на тензиите во регионот.

Поврзани вести

ОН: Пандемијата на Ковид-19 може да затвори 25 милиони работни места

Судар на два воза во Бангладеш, најмалку 15 загинати и 100 повредени (ВИДЕО)

По коментарите на Макрон, Помпео и Мас во одбрана на НАТО

Во Сенатот започна сослушувањето за импичмент на Трамп

Трамп следната недела ќе се сретне со Столтенберг

Влатко Зорба

Чавушоглу: Грците убија тројца мигранти

Влатко Зорба