Вести

Почнуваат вежбите „Гром 2019“ на руската армија

Руската армија од денеска почнува со масовна воена вежба на своите стратегиски нуклеарни сили насловена „Гром 2019“.

Руското Министерство за одбрана информира дека во тридневната воена вежба учествуваат 12.000 војници, 213 ракетни лансери, 105 авиони, 15 воени бродови и пет подморници.

Генерал-мајор Евгениј Иљин, шеф на одделението за меѓународна соработка во министерството, изјави дека две интерконтинентални балистички ракети ќе бидат лансирани врз цели на полуостровот Камчатка. Тој додаде дека и руските стратегиски бомбардери, исто така, ќе истрелаат крстосувачки ракети врз неколку цели.

Во последните неколку години Русија го прошири опсегот на воените вежби поради растот на тензиите со Западот.

Поврзани вести

10 факти кои докажуваат дека Швеѓаните не се од оваа планета

Влатко Зорба

Трамп се обрати на Националниот молитвен појадок: Демократите се неискрени и корумпирани

Никола Поповски

Почна ублажувањето на мерките низ Европа: Во Данска повторно работат фризерските салони и автошколите, а во Норвешка детските градинки

Повеќе од 700 луѓе починаа во Иран од труење со метанол, мислеле дека лекува од Ковид-19

Италијански доктори: Коронавирусот во Италија мутира, ја губи силата и се претвори во својата сенка

Генерал Салами: Секој американски брод, воен или цивилен, што претставува закана за Иран ќе биде уништен