Вести

И покрај санкциите: Германија уверена во завршувањето на „Северен тек 2“

Германската влада изрази уверување дека проектот „Северен тек 2“ ќе биде завршен, соопшти весникот „Зидојче Цајтунг“, повикувајќи се на извори во канцеларијата на Берлин, јавуваат руските медиуми.

Забележано е дека ставот на Владата за овој проект не е променет. Германските власти исто така велат дека санкциите воведени од страна на Соединетите држави против рускиот гасовод нема да спречат завршување на изградбата, пишува весникот.

Санкциите на САД за „Северен тек-2“ и „Турски тек“, кои се дел од протурканиот буџет за одбрана на САД за фискалната 2020 година, стапија во сила на 20 декември.

Стана јасно дека швајцарската компанија Allseas, која е вклучена во изградбата на „Северен тек-2“, престанала со работа поради санкции.

„Северен тек-2“ ќе доставува руски гас до Германија преку Балтичкото Море. Изградбата е практично завршена. Заклучно со ноември 2019 година, повеќе од 80% од проектот е завршен, со планови да започне во средината на 2020 година.

Поврзани вести

Кина: Експресен тест што го открива коронавирусот за 15 минути

Никола Поповски

Борисов: Бугарските граѓани да не патуваат во Кина

Никола Поповски

Трамп претстави план во три фази за отворање на економијата на САД

Кои грешки доведуваат до лажен резултат на тест за коронавирус?

Stefanija Kuzmanovska

Путин денеска го прославува 68-от роденден

Англија има рекорден број жртви во последните 15 години

Влатко Зорба