Вести

Политичарите да се тестираат за дрога пред дебатите, бара Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека ќе побара неговиот претседателски кандидат Џо Бајден да биде тестиран за дрога пред дебатата во вторникот.

Доналд Трамп изјави дека ќе побара, пред или по предизборната дебата закажана за во вторник, неговиот противкандидат Џо Бајден да биде тестиран за присуство на наркотици во телото.

Тој додаде дека, се разбира, и самиот ќе се согласи на тестот.

Според американскиот портал „Хил“, Трамп и претходно барал кандидатите да се тестираат за присуство на дрога пред предизборните дебати.

Првата дебата меѓу Трамп и Бајден во пресрет на изборите во ноември е најавена за вторник.

Поврзани вести

Вредноста на американскиот долар порасна како последица на коронавирусот

Александар Петровски

Нов доказ дека коронавирусот се задржува во воздухот

Само околу 30 отсто од Американците му веруваат на Трамп за Ковид-19

Рекорден број заразени со коронавирус во последните 24 часа

Влатко Зорба

Американска телевизија: Навални е обезбедуван од германската полиција (видео)

Никола Поповски

Каков лек прими Трамп и зошто многумина тврдат дека претседателот е во лоша состојба?

Влатко Зорба