Вести

Помпео потпиша договор за воена соработка во Полска

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и полскиот министер за одбрана Мариуш Бласчак денеска потпишаа договор за соработка во одбраната во Варшава, кој поставува правна рамка за поголемо присуство на американски војници и го отвора патот за нивно пренесување од Германија во Полска.

„Ова ја зголемува гаранцијата: гаранцијата дека во случај на закана, нашите војници ќе застанат рамо до рамо. Договорот ќе послужи и за зголемување на безбедноста на другите земји во овој дел од Европа“, рече полскиот претседател Анджеј Дуда.

Договорот ќе ги продлабочи и другите аспекти на американско-полската соработка, пред се на полето на инвестициите и трговијата, пренесува АП.

Тој го надополнува постојниот договор за статусот на силите на НАТО и овозможува зајакнување и модернизација на постојните капацитети и објекти, така што американските сили ќе имаат пристап до дополнителни полски воени инсталации.

Се прецизира и поделбата на логистиката и инфраструктурните трошоци за зголемено присуство на САД во земјата.

Во Полска моментно се стационирани околу 4.500 американски војници, а уште 1.000 ќе пристигнат, според билатералниот договор од минатата година.

Неодамна, Пентагон, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп за намалување на бројот на трупите во Германија, објави дека од Германија ќе се повлечат 12.000 војници, од кои 5.600 ќе бидат префрлени во други европски земји, вклучително и Полска.

Со посетата на Полска, Помпео ја завршува повеќедневната турнеја на четири европски земји, за време на која ги предупреди за заканата од Русија и Кина.

Поврзани вести

Анкета: Американците не знаат каде се наоѓа Иран

Словенечки новинар осуден за клевета за текст за таткото на Меланија Трамп

Влатко Зорба

Како Иран ги гаѓаше американските бази (ВИДЕО)

Грета Тунберг се враќа на училиште после едногодишна пауза

Никола Поповски

Во Сенатот започна сослушувањето за импичмент на Трамп

Вакцина може да видиме пред изборите во ноември, вели Трамп

Влатко Зорба