Вести

Помпео: Русија ќе плати голема цена ако се точни извештаите за напади на американски војници

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, рече дека го известил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека, како што рече, „ќе биде платена огромна цена“ ако разузнавачките извештаи покажат дека Русија уценувала глави на американски војници во Авганистан, се точни.

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ), Помпео рече дека за тоа разговарале и претставниците на американската армија со високи руски претставници.

Њујорк Тајмс кон крајот на јуни објави дека руската разузнавачка агенција наводно плаќала борци блиски на Талибанците за успешно извршување на напади врз американските трупи и други членови на силите на НАТО.

На прашањето дали им верува на тие извештаи, Помпео одговори: „Ние го разјаснивме тоа. Знаеме дека Русите во минатото ги вооружувале Талибанците, знаеме дека Иранците денес сè уште ги вооружуваат“.

Помпео исто така истакна дека Соединетите држави јасно ги кажале своите очекувања на секој од нив и дека ќе сторат сé што е потребно за да го заштитат и бранат секој американски војник и војниците на која било земја што е дел од мисијата на НАТО во Авганистан.

Поврзани вести

Импичментот на Трамп: Сторил повеќекратна и груба злоупотреба на претседателската власт

Никола Поповски

Песков: Не и кажувајте на Русија како да го истражи случајот Навални

Влатко Зорба

Одлуката на Курти за укинување на таксите ги подели ЕУ и САД, Германија се најде во средина

Никола Поповски

Коронавирусот се „сели“: Европа повеќе не е жариште на пандемијата

Либанските лидери биле предупредени за безбедносниот ризик две недели пред експлозијата во Бејрут

Влатко Зорба

Повеќе од илјада летови се откажани на аеродромите во Пекинг поради наглото зголемување на бројот на заразени