Вести

Помпео: Русија нема да може да влијае на изборите во САД

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека Русија нема да може да влијае на резултатите од претстојните претседателски избори во САД, кои ќе се одржат на 3 ноември.

„На Русите им ставивме јасно до знаење дека сите такви обиди се недозволиви и сигурен сум дека ќе обезбедиме безбедни избори врз кои нема да можат да влијаат“, рече тој.

Помпео повтори, сепак, дека Русија се мешала во претходните избори одржани во 2016 година, како и во изборите за Претставничкиот дом во 2018 година.

„Сепак, сигурен сум дека администрацијата на Трамп успеа да го одбрани гласот на секој поединец во 2018 година. Истото ќе го сториме и оваа година“, заклучи американскиот политичар.

Претходно, директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Реј, изјави дека Русија се обидува да влијае на изборите во 2020 година, но дека не се меша во американската инфраструктура на кој било начин.

Сепак, тој не презентираше докази дека Русија се обидела да се меша во американските избори на кој било начин.

Поврзани вести

Џонсон продолжува да се опоравува, сè уште не започнал со работа

Влатко Зорба

Уапсена ќерката на градоначалникот на Њујорк, учествувала во палење на полициски автомобили?

Влатко Зорба

СЗО: Сите докази укажуваат дека новиот коронавирус го пренеле лилјаци на луѓе во Кина

На 95 години почина таткото на Бил Гејтс

Александар Петровски

Алфред Бош: Затворските казни за каталонските лидери не го решаваат проблемот туку само го влошуваат

Влатко Зорба

Кој ќе го наследи на тронот севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун?

Влатко Зорба