Вести

Повеќе од 60 милиони Индијци би можеле да бидат заразени со корона

Повеќе од 60 милиони Индијци, или десет пати повеќе од официјалните податоци, би можеле да бидат заразени со коронавирус, објавија денес индиските власти, повикувајќи се на националната студија за серолошки тестови.

Според официјалните податоци, во Индија со 1,3 милијарди жители има 6,1 милиони заразени со коронавирус, а таа земја е втора најпогодена земја во светот, по САД.

Сепак, тестовите на крвта направени на 29.000 луѓе низ Индија од средината на август до средината на септември покажуваат дека бројот на заразени може да биде значително поголем.

Индија постепено ги олесни мерките за карантин воведени во март во обид да ја спаси економијата.

Поврзани вести

Русија и САД разгледуваат соработка околу пандемијата на коронавирусот

За првпат по катастрофата, накитена елка во Чернобил

Никола Поповски

Австријците за школски прибор ќе потрошат 71,5 милиони евра

Влатко Зорба

Јапонски научници: Ширењето на новиот коронавирус може да трае и повеќе од една година

Скриени симптоми на коронавирус кои дури може и да се помирисаат

СЗО ќе издаде нови упатства за користење на заштитните маски