Вести

Предупредување од експерт на СЗО: Ќе има голем ризик сè додека не ја добиеме вакцината

Делови од светот почнуваат да се извлекуваат од пандемијата на вирусот Ковид-19 и претпазливо го продолжуваат нивниот нормален живот, но вирусот останува голем ризик сè додека не се развијат вакцините, изјави денес експертот на Светската здравствена организација – Мајк Рајан. Тој оцени дека некои земји сè уште се во центарот на пандемијата, додека други почнаа да покажуваат знаци на намален обем, пренесува Ројтерс.

– Во таа смисла, постои надеж. На глобално ниво, ситуацијата е многу, многу сериозна, но причините за заболувањето и траекторијата на вирусот се многу различни во различни делови на светот. Можно е да се стави болеста под контрола и можно е да се продолжи нашиот нормален економски и социјален живот на нов начин и со голема претпазливост, рече Рајан.

Тој посочи дека во некои земји во Африка и Централна и Јужна Америка, траекторијата на вирусот сè уште расте, и дека иако се чини дека сега не претставува голем проблем, тестирањето останува проблем.

– На средина см на битките на нашите животи, сите ние низ целиот свет. Тоа ќе биде голем и долг ризик сè додека немаме достапна за сите, безбедна и ефикасна вакцина, рече Рајан.

Ублажувањето на мерките што започнаа да ги спроведуваат одделни земји не значи дека вирусот е апсолутно поразен, туку дека доаѓа до моментот кога вирусот може да се контролира и да се започне одново економскиот и социјалниот живот.

Рајан исто така предупреди дека владите кои сакаат да ги ублажат мерките, мора да го сторат тоа со голема претпазливост.

Поврзани вести

Британија: Најмалку 20,000 луѓе починале од коронавирус во домови за стари лица

Русија: Уште 8.246 нови случаи на коронавирус, тестирани вкупно 15 милиони луѓе

Конфликтот во Либија продолжува, ќе се изврши нов напад на Триполи

Никола Поповски

„Блумберг“: Трамп планира да прогласи вонредна сосотојба во САД поради коронавирусот

Бројот на починати од коронавирусот во домовите за стари лица во Охајо алармантно се зголемува

Коронавирусот опасно удри по кинеската економија, милиони фирми пред колапс