Вести

При лизгање на земјиште во Индија загинаа 42 лица, дваесетина затрупани

Од лизгање на земјиштето на плантажа за чај во близина на државата Керала во јужна Индија загинаа 43 лица, а се стравува дека дваесетина луѓе се под урнатините.

Свлечиштето предизвикано од обилните врнежи од дожд настанало во петокот наутро додека работниците сè уште спиеле, соопштија властите.

– Ние ја прекинавме спасувачката акција за еден ден поради дождот. Операцијата ќе продолжи се додека не се најде последното тело, рече Идуки Х.Динешан од локалната власт.

Метеоролошката служба на Индија издаде предупредување за обилни врнежи во неколку области, вклучувајќи црвено предупредување за Идуки.

Во 2018 година Керала беше погодена од најголемите поплави во последните сто години, кога стотици луѓе загинаа.

Поврзани вести

После четири месеци, Лувр ги отворa своите врати за посетителите

Влатко Зорба

Нетанјаху прогласи победа на изборите во Израел, но нема мнозинство

Бројот на заразени со коронавирусот во светот се доближи до два милиони, со речиси 120.000 починати

Нови 39 инфицирани со Ковид-19 во Кина, сите пациенти кои пристигнале од странство

Петмина членови на Конгресот се во изолација, двајца се ракувале со Трамп

Ова се најголемите американски донатори: Донирани преку 14,7 милијарди долари

Никола Поповски