Вести

Протест на угостителите во Милано

Десетици менаџери на ресторани кои претставуваат околу 2.000 угостителски компании поставија празни столчиња во стариот дел на градот Милано во знак на протест поради блокадата на угостителските објекти.

Демонстрантите, кои беа на безбедно растојание и со заштитни маски, бараат од италијанската влада јасни правила за повторно отворање на рестораните и побрзо спроведување на економската поддршка, изјавувајќи дека во спротивно ризикуваат целосно затворање.

Тие сакаа да укажат на празни ресторани на кои сè уште не им беше дозволено отворање, протестирајќи со празни столчиња, два месеци откако беа воведени рестриктивни мерки за спречување на вирусот Ковид-19 во Италија, пренесува Танјуг.

Во Милано, како и во цела Италија, на ресторани им е дозволено да испорачуваат храна или храна за носење, но сопствениците на ресторани тврдат дека тоа не е доволно, дека приходите се драстично намалени и дека многумина имаат потешкотии да ги задржат вработените.

Во Италија, една од најтешко погодените земји со вирусот, постепено олабавување на рестриктивните мерки започна од 4 мај, а најавено е дека рестораните треба да бидат отворени од 1 јуни, но без детални упатства.

Поврзани вести

Научници: Карантинот има мал ефект врз глобалното затоплување

Влатко Зорба

Вирусот се шири: Најмалку 80 лица починати и 2744 заразени

Никола Поповски

САД будно ја следат Северна Кореја поради најавата за „божиќен подарок“

Грета Тунберг: Коронавирусот го смени светот, мора да избереме нов пат

Бајден: Трамп да ги ублажи санкциите кон Иран за време на пандемијата на Ковид-19

Во Италија починаа 145 лица во последните 24 часа – најмалку од 9 март