Вести

Прв тигар во светот заразен со коронавирус

Тигар во зоолошката градина во Њујорк е позитивен на коронавирусот, што е првиот потврден случај на заразено животно со Ковид-19 во САД и тигар во светот, соопштија официјални извори.

Министерството за земјоделство на САД соопшти дека станува збор за четиригодишен тигар, прецизирајќи дека уште шест тигри и лавови со кои бил „нулта“ тигарот биле во контакт, почнале да покажуваат симптоми на болеста.

Се претпоставува дека животното е заразено од работник во зоолошка градина Бронкс, позитивен на Ковида-19.

Зоолошката градина соопшти дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март, а се очекува сите животни да се опорават.

Зоолошката градина Бронкс затвори на 16 март, како дел од мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Поврзани вести

Тунберг од Давос: Светските лидери не ги слушаат нашите барања за намалување на фосилните горива

Никола Поповски

Британија и САД ја обвинуваат Русија за лансирање оружје во вселената

Влатко Зорба

Во Италија починаа 260 лица, најмалку од 14 март

Влатко Зорба

Песков: Мировници во Нагорно Карабах само со согласност на обете страни во конфликтот

Влатко Зорба

СЗО: Само ДексаМетазон се покажа како ефикасен против КОВИД-19

Влатко Зорба

300 милиони дози: ЕУ постигна договор, купува вакцини против Ковид-19 од Велика Британија

Никола Поповски